Kozi mleko planina

Kozi mleko planina Кози Млеко Планина е козарска фарма стационирана во С.
(1)

Ако Аљоша Димитриевич пее поле, ветар, оганки во мојот случај би било сенка, кози, страници..Отсуството се должеше на пр...
10/06/2026

Ако Аљоша Димитриевич пее поле, ветар, оганки во мојот случај би било сенка, кози, страници..

Отсуството се должеше на прегорување од работа а на тоа се надоврза негативниот набој изминатиот период кој се рефлектираше и на планетава која наликува на највулгарна епизода од South Park, вести полни со црна хроника, насилство, безидејност и простотилак во мода, просто не можев да се преправам дека не ги гледам работите или дека не ме допираат а објавите подобро да ги нема отколку да ги има ради реда, а и ожеднев по букви да бидам искрен, ми се читаше ми се плаче, ми пријаше да го заборавам дома телефонот и да не знам ни колку е саат.

Во меѓувреме ги окосија ливадите и прошетките се многу покомотни, веќе не морам да ги кружам ливадите барем додека не изгори вегетацијата од сонцето, туку излегувам со шорцеви и папучи иако не е баш мудро, но не ми е грижа, избирам место под сенка но да има и провев, се постилам и читам додека козите си ја бркаат својата работа, барам инспирација и се оттргнувам од вртлокот на црната хроника која ме опкружува, неизбежна е но барем во страниците не онаа која ме опкружува мене, сигурно ќе наидам на нешто поучно и на нешто ведро, можеби во страниците ќе пронајдам против отров.

Инаку ја привршувам "Шта ми ово треба" од Емир Кустурица во која се уствари извадоци од неговиот дневник за време на снимањето на филмот underground но и повеќе, го има и Марадона внатре, Андриќград, распадот на СФРЈ, прилики и неприлики. Секако, не сум во се согласен со Емир но драго ми е што сум современик со еден ваков човек и се надевам дека ќе имам можност да го посетам Андриќград. Свесен сум дека денес секоја будала си зема прво за суд и лесно може да те етикетираат за антизападно или русофилско расположение, но проблемот за таквиот суд е дека го сакам и Џими Хендрикс, Пинк Флојд, дури имам коза која се вика Стејси, просто е невероватно како во 21 век сеуште постои расизам после Луис Армстронг...

Fu&k you MTV!!

#КозиМлекоПланина #СенкаКозиСтраници #ливада #кози #Раштак

Teach your children well ☀️🕊🐐Јохан Ханрих Песталоци бил швајцарски педагог, воспитувач и општествен реформатор, роден во...
09/06/2026

Teach your children well ☀️🕊🐐

Јохан Ханрих Песталоци бил швајцарски педагог, воспитувач и општествен реформатор, роден во 1746 год. во Цирих. Неговата основна идеја била дека образованието треба да го развива целиот човек – умот, срцето и рацете. Тој верувал дека децата учат најдобро преку непосредно искуство и набљудување, а не само преку меморирање, дека образованието треба да биде достапно и за сиромашните, дека љубовта и довербата се основа на воспитувањето и дека училиштето треба да наликува повеќе на семејство отколку на строга институција.

По долго договарање и одложување со мојата втора мајка - најдобрата наставничка на светот Бети која ме просветуваше мене од I до IV одделение заедно со своите колешки, наставничките Жаклина, Симона и Маја доследни на Песталоци, со дечињата од 3¹ и 3² не посетија на часот на фармата каде дечињата се запознаа со жителите на фармата, го галеа јарето Мини а Марица и Сестре ни демонстрираа што козите јадат на фармата и од каде доаѓа млекото, потоа продолживме со игра на ливадата и пикник под сенките каде умните и воспитани дечиња не оставија ни хартивче зад себе, тука имаа прилика да сознаат и за тешкиот дел од фармерската работа - стигна чичко Зоки со камионот во кој имаше 200 бали зимница за козите (кога е бал нека биде карневал) каде упативме силен аплауз за вредните луѓе кои ги собирале балите од нивите и растоваривме во плевната а потоа продолживме дечињата да видат и чардак (голем балкон 🫠) и автентична традиционална селска куќа - не собра сите, дружбата беше рекорд до сега, околу 45 дечиња.

Им честитам на наставничките за просветната мисија и заложба, за визијата и тоа што им овозможија на дечињата да видат и почувствуваат нешто несекојдневно а суштинско, задоволството беше двонасочно, јас сеуште се топам од прашањата и благодарноста на дечињата, кога ќе ти каже некое дете дека ова му било еден од најубавите денови ми доаѓа да прснам од набојот на емоции.

Ви благодарам до небо и ви се поклонувам до земја за интересот и вниманието. 😇🥳❤️

#КозиМлекоПланина #УчилишнаПосета #Едукација #ФармаКозиПрирода #Раштак

Tom & Jerry од Раштак 🤣😂 #КозиМлекоПланина  &Jerry  #Чувари  #МалоКучеИХелга  #Раштак
23/05/2026

Tom & Jerry од Раштак 🤣😂

#КозиМлекоПланина &Jerry #Чувари #МалоКучеИХелга #Раштак

Вечна слава чичко Карло 🕊Имав чест во 2019 во Бра на најголемиот фестивал за сирење да слушам една дискусија во која уче...
22/05/2026

Вечна слава чичко Карло 🕊

Имав чест во 2019 во Бра на најголемиот фестивал за сирење да слушам една дискусија во која учествуваше и господинот Карло Петрини, до него седеше еден млад и бунтовен дечко кој бесно расфрлаше аргументи кон големите корпорации кои ги прегазуваат малите производители кои ги негуваат традиционалните знаења при производство на храна на што Карло спокојно одговори (парафразирам): "оставете ги големите компании и корпорации, ние треба да гледаме што ние правиме и што можеме да направиме, секој човек одлучува кого ќе поддржи, потребно е само овие мали херои да станат видливи, луѓето да имаат избор" и во една друга прилика има истакнато: "со пастеризација му ја убивате душата на млекото".

Овие зборови на господинот Карло Петрини за мене представуваа едно ново поглавје, скалило, едно разбистрување на погледот, тогаш всушност ја сватив големината на ова што го правам во Раштак или било кој друг фармер или мал производител, за големината на посветеноста и долгиот пат на секој еден производ кој се наоѓа на семејната трпеза, за големината на Slow Food движењето во кој ми е неизмерно драго што членувам и некако делувам, Slow Food е всушност артикулиран глобален одговор на потребата за зачувување на традиционалните вештини и знаења и затоа се закачуваат народи чии идентитет е нарушен, а според мене има удел и во процесот на деколонизација во Африка преку производството на храна.

Ова е еден од луѓето на кого му се тргаа од сенката, чиј авторитет беше исполнет со почит, а не со суета.

Жал за загубата до семејството и Slow Food. Мисијата за чиста, здрава и правична храна продолжува секој ден ☀️

Бавча станица 🧄Бавчата (четири подигнати леи) ми е неизбежна станица, веднаш над куќата, мораш да поминеш од таму пред д...
21/05/2026

Бавча станица 🧄

Бавчата (четири подигнати леи) ми е неизбежна станица, веднаш над куќата, мораш да поминеш од таму пред да влезеш на фарма, невероватно како ова место покрај тоа што ми е терапија и што сакам да го поминувам времето тука е и еден запчаник во мојава животна приказна, тука се носи прегорено ѓубре од козите за прихрана на растенијата а нејадливиот дел, растителниот отпад од бавчата завршува кај кокошките и буквално имаме едно заокружување со нула отпад со материјата и секогаш свежа салата и здрави намирници за дома.

Иако џунглеста и навидум неуредна, почнувам да ги следам појавите на еден мини екосистем, плевелот меѓу плодовите се храна за полжавите кои при корнење стануваат храна за кокошките а и имам ноќно пријателче Еже кое исто така се грижи за редот и мирот во бавчата, на бозелот се наредени некои вошки кои вероватно ќе ми беа во бавча да не беше бозелот, лесната крошна од сливата која ја штити бавчата од силните дождови... една прекрасна симбиоза, едвај наоѓам време за бавчата но спремен сум да си скратам од сонот, ме плени човековата активност и уредувањето на просторот преку создавање и давање смисла а плодовите се награда, заради бавчата почнав поинаку да ја гледам копривата, од нејзе правам препарат со кој ги прскам растенијата.

Полека но сигурно привршувам со овие рани култури чие место ќе го заменат домати, пиперки и босилок во главно и цвеќиња насекаде а за идната сезона сигурно ќе имам храна за постите покрај самоникнатите дарови од планината.

Откако го ислушав курсот по биоградинарство, а паралелно и ги поставив овие леи, осознав дека ваквиот модел е всушност оплеменувањето на почвата и оддржување баланс, а не експлоатација на земјата како ресурс, во суштина исто како со благосостојбата на добитокот.

Човекот не е господар, тој е дел од екосистемот 🕊

#КозиМлекоПланина #Градина #НулаОтпад #Раштак

Cheesecake mood activated ✔️Си реков паузата да ја искористам за кафе, само кафе и да не правам ништо друго, па си реков...
20/05/2026

Cheesecake mood activated ✔️

Си реков паузата да ја искористам за кафе, само кафе и да не правам ништо друго, па си реков и еден бурбон со кафето, па ми зафали некое мезе, ама благо, да не свртам на солено зашто нема да знам дали искочиле печурките по вчерашните дождови.
И така.. од кај ми текна дека ќе правам инстант кукис, не знам, само следев како на аутопилот, на бисквита намачкав крем сирење и ја полива со мед и повторно затворив со бисквити, па уште на врвот ронка крем сир, екстра мед и цвет од мајчина душица што набрав нешто колку за дома.

Ептен добро трио, бисквитата легна на волеј со неутралниот крем сир а медот го издефинира благово 🤤 мада фака, воодушевен сум, сигурно ќе пробам и други финти кои веќе ги имам во глава.

Бујрум порачки во инбокс, здраво, домашно, благо, локално, медот 4 години стар или направете си дома... два бурбона и одма бизнис идеја поттикната од префинет вкус 😂🤣😂

Шега на страна, вкус што заслужува да се вкуси во овој земјен живот, основата е мед и млеко 🫠

#КозиМлекоПланина #КремСирење #Раштак

А од светот на козите и создавање на млекото...Планината е во вистински раскош, најубавиот дел е прошетката по зеленилот...
16/05/2026

А од светот на козите и создавање на млекото...

Планината е во вистински раскош, најубавиот дел е прошетката по зеленилото и вистинско задоволство е да се набљудува како ги избираат билките и создаваат млекото, се прават како карикатури со полните стомаци кога ќе дојде време за прибирање, неразбирливо ми е кога некој ќе ги спореди прошетките со губење време или мерење на планината а тука е уствари е суштината, од тука почнува и завршува се, за мене е терапија, тука се кројат плановите и гради стратегијата, да некогаш има и леви денови но тие само ја потврдуваат смислата на убавината - 20 минутно лесно темпо додека стигнеме на најубавата точка од планетава, моментот кога ќе ги соблечеш патиките и чорапите и кога ќе стапнеш бос со нозете на тревата и почувствуваш протокот на енергијата а притоа всушност сведочиш на процесот на создавање во убавината од креација околу себе, песните на птиците, музиката на штурците и брмчењето на пчелите, нежниот мирис на јасенот, мајчината душица и маточината кога ќе ја допреш, сведочиш за зреењето на самоникнатите плодови на дивата слива, на дренката, на дивите круши, на козите кои го полнат вимето со млеко...

Млекото доаѓа од рајот, таму нема бирократија и сертификати ☀️🕊🐐🐐🐐🥛🧀🌈

#КозиМлекоПланина #ПатотНаМлекото #биодиверзитет #Раштак

Подарок од млекото и планината 🧀🏆🕊Во едно пластично ставив ланско пресушено парче "инфицирано" со камембер габа заедно с...
15/05/2026

Подарок од млекото и планината 🧀🏆🕊

Во едно пластично ставив ланско пресушено парче "инфицирано" со камембер габа заедно со младо парче сирење кое го оставив во соба при што младото пуштило сурутка а тоа го омекнало пресушеното и ја активирало габата која се прошири на младото и се случил процес кој го забележав по интензивниот мирис кој се ширеше во собата и кога отворив внатре Раштакберт се случил 🥳

Вчера ми беше роденден но периодов сум преокупиран со еден куп други активности нешто слично опишано како во писмото со одговор од запорошките козаци до султанот Мехмет IV во делот дека немаат календар туку само ден и ноќ.

Во ранецот се натоварив со сирењето, лесно розево вино, пехарот и пелте од дуња и излегов со козите, по пат собрав самоникнати билки и се постелив на местото кое го нарекувам "олтарот" каде во едно од дупките во карпата го наполнив со вино, за карпата која е нем сведок на (пра)историјата (!?), со козите кои умно пасеа околу мене.

Сирењето ја имаше онаа интензивна гоути нота каде под површината протеините станале течни, над него пелтето од дуња и свежо врвче од маточина со таа лимонеста нота + од лесното розе.. чувство како кога се причестуваш после долг пост. Се пореметив од убавини.

И така го прославив овој роденден, со подарок од млекото, со расцветана планина послан на олтарот со пехар во рака и козите наоколу.

Во ваше здравје пријатели!! ☀️

(Ке го обележан роденденот и нормално, со одложено дејство 🤣)

#КозиМлекоПланина #роденден #Раштакберт #насладување #Раштак

Јарешко со спанаќ 🥘Од вкусовите на традиционалната кујна дефинитивно јарешко со спанаќ е вкусот кој ми е дома, но овојпа...
14/05/2026

Јарешко со спанаќ 🥘

Од вкусовите на традиционалната кујна дефинитивно јарешко со спанаќ е вкусот кој ми е дома, но овојпат тоа е на повисоко посебно ниво затоа што намирниците се создадени со мои раце и е 100% Раштак, најдомашно и најтазе.

За јарешкото нема да пишувам долго, знаете дека е родено и исчувано со љубов и почит, дека е растено на вистинско млеко... туку овојпат и спанаќот го растев јас, го сведочев неговото р'тење и растење, го чекав за оваа комбинација и во овој амбиент, подготвено од златните раце на мајка ми и исркано на дрвениот чардак, гледајќи ги големите камени ѕидови и греди кои го држат кровот на домот, за срце ми се фати, како лек.

Главната поента на објавава е предноста и оддржливоста на руралниот начин на живот и наситување на телото и духот со царски вкус. 🤤

#КозиМлекоПланина #МакедонскаКујна #домашно #Раштак

На големо задоволство имав чест да го запознаам и да му бидам домаќин на Марко Џорџевич од Словенија кој не само што е с...
13/05/2026

На големо задоволство имав чест да го запознаам и да му бидам домаќин на Марко Џорџевич од Словенија кој не само што е светски патник кој го посети Раштак, туку и археолог кој летните месеци на словенскиот дел од алпите одгледува крави и произведува кравјо сирење.

Досега ми нема дојдено некој што ја дели пасијата како мене кон млечните архео експерименти од сверата на природни сиришта и праисториски планински сирења, свесноста за благосостојбата на добитокот и суштинското значење на биорастителниот свет од кој се напасуваат козите, практично животниот концепт како биолошки отпор кон "храбриот нов свет" со сите свои девијации и мутации преку создавање вредност со рацете и негување на традиционалното знаење.

Марковата појава во Раштак за мене (и за моите) значеше едно големо олеснување, знак, потврда дека не само што не сум забегал туку дека движиме во вистинска насока, дека не сум осамен во умот и разбирањето, дека има партизани по планините насекаде каде одсуствува суетата, дека се буди човечкото и зголемува интересот за нови почетоци на идни колеги каде космополитски се споделува знаењето. Никој од нас нема да однесе ништо материјално на другиот свет.

Почитуван Марко, ми беше чест и задоволство што те запознав, ти посакувам само добрина да те следи.

Се гледаме во Словенија, на твоето парче рај... кога ќе ме пуштат козите. ✌️😇🐐🐐🐐🕊

#КозиМлекоПланина #пријателство #сирење #Раштак

Address

Rashtak, Ulica 2
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 21:00
Tuesday 08:00 - 21:00
Wednesday 08:00 - 21:00
Thursday 08:00 - 21:00
Friday 08:00 - 21:00
Saturday 08:00 - 21:00
Sunday 08:00 - 21:00

Telephone

02 2 575 808

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Kozi mleko planina posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Kozi mleko planina:

Share