24/07/2025
И оваа година, на исто место...
👇👇👇
🎉 ОВАА САБОТА: ВКУСЕТЕ ГО ОХРИД -ЛОКАЛНО 🌿🍷
Оваа сабота (26 јули), под ѕвездите и со шумот на езерото во заднина, Охрид ќе биде домаќин на четвртото издание на веќе традиционалниот летен фестивал „Вкусете го Охрид- локално“.
📍 Местото на случување: Долна Порта, од 19:00 часот
🌅 Време: кога езерото ги менува боите, а воздухот мириса на босилек и домашна ракија
🐌 Slow Food Ohrid повикува на овој уникатен гастрономски собир што ја слави локалната храна, традицијата и занаетчиите што стојат зад неа. Ќе ве пречекаат производителите од сите конвивиуми на Слоу Фуд Македонија, со своите домашни вина и ракии, свежо печен леб и комати, автентични макала, ладно цедени масла, деликатесни млечни вкусови и уште многу задоволства што и прават ќеиф на душата.
🎶 Ќе има музика што ќе ве разигра, изненадувања што ќе ве насмеат и атмосфера што ќе сакате да ја понесете дома.
☀️🌊Во срцето на летото, покрај водата, со чаша вино во рака и парче традиција на чинија – ова е повик за сите што сакаат вкусно, локално и со љубов направено.
✅️Мотото на "Вкусете го Охрид- локално"
▪️Поддржи го локалното.
▪️ Почитувај го домашното.
▪️Дојди, вкуси, раскажи!
💪Настанот е поддржан од Општина Охрид, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, и, секако Slow Food Macedonia.
#СлоуФудМакедонија #летенфестивал #домашно #локално #вкусно